Труфаки
Поодамна уште си испробувам со калапите за мафини за што се можат да ми послужат, овај е еден од таквите обиди за сочни колачиња, кои на времето порано се правеа во книжни корпици и така се печеа во плех, значи не е дека сега измислив нешто ново, нова е само идејата за печење и финален производ со различни форми.
Жолчките со шеќерот се бијат одделно, па се додаваат останатите состојки, на крај снег од настрана биените белки и се меша со жица за матење. Од оваа смеса се тура по 1мало лајче во помалите форми или 1 и пол лајца во поголемите форми односно зависно од големината на калапчето да е исполнето со скоро две третини со смесата.
Се печи.
На ладни колачиња оди топол шербет кој се припрема од вода и шеќер, да се зовријат.
На секое колаче во калапчето се ставаат по 2-3 супени лајци шербет, кога си прими од шербетот се вадат Нема да се како парени колачи туку само ќе си добијат на сочност..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови