Трио торта
Оваа торта која е многу вкусна, бидејќи е микс на повеќе вкусови орев, лешник, бадем, кокос, чоколадо ја направив за многу убав повод, а тоа е 18от роденден и воедно полнолетството на нашиот првенец.
Корите се подготвуваат на вообичаен начин.
Во изматениот снег од белки се додава постепено шеќерот и ванилата, а во густиот шам, со намалена брзина на миксерот на 1, се додаваат претходно помешаните брашно, пециво, бадем и чоколадо, внимавајќи шамот да не спадне, а состојките убаво се соединат, изедначат.
Се сипува во тркалезно тепсивче со пречник 30цм., кое е намрсено со маргарин и посипано со брашно или пак е обложено со хартија за печење.
Се пече (претходно загреана рерна 5 мин. на 200 Ц.степени) на 180 степени додека порумени, а времето е во зависност од вашата рерна. После печење ги завиткувам во памучен чаршав додека се испечат сите и потполно изладат. На истиот начин се подготвуваат печат и другите две кори.
За првиот филот го зовриваме млекото (околу 250мл. оставаме за растворање на пудинзите и нишестето ) со ванилите и шеќерот.
Жолчките убаво изматени се додаваат во растворените пудинзи со млеко, се изедначува смесата и се сипува во зовриеното млеко. Се продолжува со варење на кремот на умерен оган со непрекинато мешање. Кога ќе ја добие потребната густина се трга од оган и се миксира кратко време со миксер, за да не ни останат грутчиња.
Во жешкиот крем се додава чоколадото и се меша додека се стопи. Се остава да излади, но не потполно.
За тоа време убаво се изработува маргаринот со шеќерот во прав (маргаринот можи да се замени со путер) . Млакиот крем се додава лажица по лажица во пенестиот маргарин, миксирајки.
За вториот фил, шлаг кремот се мати додека го зголеми волуменот и добие на густина, па во него мешајќи со лажица, се додаваат претходно сомелените лешник наполитанки...
Исто се изработува и шлагот за премачкување од надвор.
Финалната постапка е кора со бадем, прв фил, втор фил-кора со лешник, прв фил, втор фил-кора со орев, прв фил, втор фил.Целата се премачкува со шлаг крем, странично се посипува со кокос и декорација со чоколадо...
Лиценца: Сите права се задржани