Ова е мојата превкусна верзија на трилече која на сите што пробаа им се допадна многу. Оваа доза е подготвена во малата ростер тава и излегуваат 12 трилече коцки. Постапката е брза, без делење на белки од жолчи, а крајниот резултат е одличен.

1. Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер се матат пенесто до зголемување на волуменот.
2. Се додава просејаното брашно во кое е измешано пецивото, се меша и изедначува убаво.
3. Во правоаголно тавче на дното се става хартија за печење и се истура смесата.
4. Се печи 10 минути на 200 степени и уште 20 минути на 170 степени. Се лади.
5. Трите млека т.е течните состојки кои треба да се ладни, се мешаат со лажица во подлабок сад.
6. Од тестото се одстранува хартијата и се трга настрана од тавчето. Во тавчето се истура околу третина од течната млечна смеса, а потоа внатре се става тестото. Се остава неколку минути да се впие течнста, после внимателно се сечат коцки и одозгора се дотура остатокот од млечната смеса.
7. Се остава на ладно неколку часа тестото убаво да ја впие течноста, а потоа одозгора се премачкува со карамел преливот.

Дуплирајќи ја дозата се добиваат повеќе парчиња, а смесата е соодветна за печење во големата ростер тава во која јас добивам 20 убави парчиња, несметајќи ги краевите.
Пробајте и уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани