Испечати

Трилече

Трилече

Состојки

  • 6 јајца
  • 300гр. брашно
  • 300гр. шеќер
  • 1 пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1л. млеко
  • 1/2л слатка павлака
  • 250мл. кондензирано млеко
  • карамела прелив

Подготовка

1. Во два посебни садови се разделуваат белките од жолчите. Жолчите заедно со шеќерот убаво се матат и кога ќе се стопи шеќерот двете смеси убаво се мешаат. Се додава ванилиниот шеќер и смесата уште еднаш убаво се мати.
2. Во друг сад настрана се меша брашното со прашокот за печиво и постепено со лажица се довава во смесата со јајцата. Смесата убаво се меша со дрвена лажица и се истура во тава обложен со хартија за печење.
Се пече 10 минути во претходно загреана рерна на 200°Ц а потоа се намалува температурата на 170°Ц и се пече уште 20 минути.
Откако ќе биде готов пандишпанот се остава малку да се излади и се отстранува хартијата за печење.

3. Сите три видови млека убаво се мешаат во длабок сад додека да се изедначи смесата, се мешаат со лажица, не се матат со миксер.
Еден мал дел од добиениот прелив се истура во тавата во кој претходно се печеше пандишпанот. Потоа во тавата се става изладениот пандишпан и одозгора се прелева со останатиот прелив.
Се остава неколку часови пандишпанот убаво да ја впие течноста и за крај вкусниот колач се премачкува со готов карамел.