Тригони со биено сирење
Брашното се замесува со стасаниот квасец.
Киселото млеко треба да е на собна температура. Млекото, шеќерот и солта и се меси да се добие меко мазно тесто.
Тестото се остава да стаса, а потоа се дели на три дела. Од секој дел се сука кора која се премачкува со маргарин, па се ренда од сирењето и од двете страни кората се рола-доволно е два пати да се превитка. Така добиените ролати се сечат на триаголници и се редат во подмачкан плех. Од како ќе стасаат се печат во загреана рерна на 200степени околу 12-15 минути.
Пред да се стават на печење се премачкуваат со изматено јајце.
Овие тригони имаат многу убав вкус и мирис, а сол во тестото се става помалку поради соленоста на сирењето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
Kiflickite se cista 5!! Na site vi go preporacuvam receptot...