27
мар
2012
Триаголници со спанаќ и сирење
Во брашното се ставаат топло млеко, зејтинот, солта, шеќерот и квасецот.
Се замесува тесто, кое потоа се остава на топло да стаса.
Одкако ќе стаса се расукува кора во дебелина од пола сантиметар и се сечат ленти хоризонтално и вертикално во ширина од 7-8 см, и треба да се добие форма на квадрат.
Во секој квадрат се става спанаќ измешан со сирење. Спанаќот да е претходно сварен и исецкан.
Се преклопува едниот крај од квадратот и се добива форма на триаголник на кој со вилушка се притискаат краевите да се залепат.
Се оставаат околу 20 тина минути да нараснат уште еднаш.
Се пече во подмачкано тавче на 180 степени додека да заруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови