1.  Спанаќот го миеме, го цедиме и го сечиме.
2.  Сирењето го дробиме со раце и го додаваме во спанаќот и се заедно мешаме.
3. Корите ги сечиме на половина по должина.
4. Секоја кора ја попрскуваме со смесата од масло,кисела вода и пециво.
5. Секоја половина ја превиткуваме уште еднаш по должина и на долниот крај ставаме од смесата со спанаќ и сирење . ( види слика )
6. Од секоја т.н четвртина од кора со смесата од спанаќ и сирење правиме триаголници.
7.  Ги печеме во плех на хартија за печење во загреана рерна на 180 степени околу 10-15 минути додека да поруменат.
8. Послужуваме со јогурт.

СОВЕТ
Ова јадење може да биде и посно доколку купите посни кори и наместо сирење употребите посна урда ( изварок )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови