Најпрво подгответе го филот.
Соја трошките ставете ги во тенџере со топла вода и оставете ги да одстојат 15 тина минути. Исцедете ги во цедалка за тестенини.
Во тавче со загреано масло пропржете ги претходно ситно исечкани печурки. Ставете ги и соја трошките, посолете и побиберете, ставете го и доматниос сос, пржете околу 10 мин. Кој сака може да си стави и ситно исечкан кромид и лук.
Оставете настрана малку да се подолади.

Во мало тањирче садче скршете ги јајцата и изматете ги со вилушка, додајте малку со и неколку капки масло. Во друго мало садче ставете ја газираната вода, а во друго масло.
Земајте една по една кора и премачкајте ги со четка прво со маслото,  па со киселата вода, завиткајте од двете страни по половина. Премачкајте со јајце и попрскајте малку масло. Завиткајте го до половина или до 1/3 за поголеми.
На едниот крај ставате една лажица од филот и виткате триаголник.
Во врска со премачкувањето-може да ги премачкувате по кој било редослед,само да бидат намачкани. Ставајте ги во голем плех од рерна обложен со хартија или подмачкан со малку масло. Со сите кори повторете ја постапката. Ако ви останало од јајцето премачкајте ги одозгора и попрскајте со сусам.
Колку кори толку триаголици. Ставете ги да се печат на 200-220 степени во загрена рерна додека поруменат или околу 25-30 мин. Извадете ги и порскајте ги со малку вода и покријте ги со кеса,  па со крпа да се задушат.
Ако сакате да бидат крцкави немојте да ги попрскувате со вода. Нека се подоладат и служете со чаша јогурт и сиренце. Исто така може да се подготвуваат и во посна верзија. Немојте да ги премачкувате со јајце туку само со газирана вода и масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови