Соините трошки ги потопуваме во вода за да набубрат. Топла, жешка вода-10 мин., ладна вода 20 мин. Потоа, ги цедиме од водата и заедно со исецканиот кромид и малку масло ги пропржуваме во тавче околу 5-10 мин и ги додаваме зачините. Никако не штедете на нив, многу се важни за да се долови вкусот. Кога ќе се рашири убава миризба тавчето го тргаме од рингла и филот е готов.
*Доколку сакате, можете да додадете и сецкан магдонос, секако и сол, иако мислам дека со довоно вегета не мора. Пробајте го најпрво со основните зачини и упатства, а потоа можете следниот пат ако се решите да експериментирате и со други зачини.
Во засебни шољи ставаме од маслото и газираната вода. Со мало лажиче од секоја шола попрскуваме врз секоја кора што ќе ја ставаме.
Во поголема намастена тава или плех (мојот беше 36х26) најпрво редиме 4 кори. Краевите на рабовите малку да висат. Потоа редиме уште 4-5 но не прави, малку ги гужваме. Па 1-2 кори рамни и врз нив половина фил. Постапката уште еднаш се повторува до поставувањето на 2от фил. Над него оди 1-2 исправени, рамни кори, па останатите со благо гужвање до пред последните 2. Пред нив да ги ставиме, корите кои висат од рабовите ги виткаме на внатре и убаво ги оформуваме ивиците. Секако и тие обавезно се попрскуваат со лажичето. И на крај, рамно одозгора се поставуваат 2те, последни кори.
Доколку ви остане од маслото и к.вода се дотураат одозгора, рамномерно насекаде.
Печиме во загреана рерна на 200 степени, околу 20 мин.
Готовиот бурек со раката го попрскуваме со ладна вода и го прекриваме со кујнска крпа да подолади околу 15на мин.
Се служи топол (нас и ладен ни е супер) со чаша јогурт, најчесто за доручек.
Добар апетит!

За сојата
Соините трошки се инзвонреден природен извор на соини протеини и е здрава и економична замена за месото. Богати се со витамини и минерали, изофлавоноиди и лецитин. Не содржат холестерол и заситени масни киселини кои негативно делуваат на метаболизмот. Со често конзумирање на сојата, како замена на месото се намалува ризикот од срцеви заболувања и рак.

Од мене
Ваквиот бурек со соини трошки ми е по вкус ист како куповниот од бурекџилниците. (Јас иначе, лично, не сум баш љубител на овој корисен продукт.) Значи, или тие не лажат нас дека ни продаваат бурек со месо, а всушност е соја или ... или ))). Имам пробано со мелено месо и не е тоа тоа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови