Тортиљи со пилешки стек
Стекот го сецкаме на ситни коцки и пропржуваме во тава за пржење.
Откако го испрживме го тргаме на страна и во истиот зејтин го пржиме младиот кромид и црвената пиперка. Во тавата го сипуваме доматното пире и на тивок огин го динстаме стекот заедно со сите состојки. По петнаесетина минути ги додаваме зачините и магдоносот тргаме на страна и целата смеса ја оставаме да се излади.
Тортиљите ги полниме со смесата и врз секоја рендаме кашкавал.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани