Видео рецепт: Тортиљи за појадок
Тортиљите станаа главен дел од исхраната во многу земји и постои навистина добра причина за нивната популарност! Лесно тесто во кое можете да уживате на повеќе начини, а сега, ние ќе ги послужиме како основа за обилен појадок!
Состојки
За ТОРТИЉИ ќе ви треба:
- 225 грама брашно
- 1 супена лажица прашок за печиво
- ½ лажичка сол
- 50 грама путер или свинска маст
- 100 милилитри топла вода
За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
- 2 јајца
- 25 грама путер
- 3 супени лажици млеко
- 4 колбаси
- 6 парчиња сланина
- 2 домати
- 1 кромид
- 1 рака магдонос или коријандер
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Грил тава, Тава за пржење и Фестиво електрична тава.
Подготовка
Чекор 1: На почетокот подгответе го тестото за Тортиљите – не е многу тешко, но потребно е повеќе труд за убаво да се измешаат брашното, солта и прашокот за печиво пред да ја втриете маста со рацете додека убаво да се впие.
Чекор 2: Ставете го тестото на работната маса и полека додавајте ја топлата вода. Месете го неколку минути додека да омекне, исечете го тестото на две парчиња и од нив направете топчиња. Покријте ги со кујнска крпа и почекајте да стасаат.
Чекор 3: Во меѓувреме подгответе ја салцата – исечкајте го магдоносот, кромидот и доматот и убаво измешајте ги. Доколку сакате можете да додадете и малку сок од лимон!
Чекор 4: Исечете ги колбасите на ленти и печете ги заедно со парчињата сланина во Делимано Грил тавата додека да добијат златна боја и да станат крцкави!
Чекор 5: Изматете ги јајцата со млекото и пржете ги во путер, повремено промешувајќи, за да не се формира едно парче како кај омлетот.
Чекор 6: Попрскајте ја работната маса со брашно и од топчињата направете 2 кружни Тортиљи, малку засечете ги со нож доколку сакате да направите идеален круг. Ова зависи од тоа дали сте прецизни или не!
Ова повторете го и за втората тортиља.
Чекор 7: Загрејте ја Фестиво електричната тава и печете ги кратко Тортиљите на двете страни, но внимавајте да не ги препечете бидејќи можат да станат многу тврди. Запомнете дека процесот на готвење продолжува дури и откако ќе ги тргнете од тавата.
Чекор 8: Ставете ја Тортиљата на чинија и одозгора ставете ја мешавината од колбаси и сланина, јајцата и на крај салцата и така послужете. Ние додаваме и малку сушени лути пиперки!
СОВЕТ: Традиционалниот рецепт за Тортиљи вклучува свинска маст, но путерот и маргаринот се одлична замена. Свежата домашна Тортиља најдобро е да се консумира веднаш по нејзината подготовка бидејќи таа не може да се зачува толку добро како купечката.
Тортиљите се одлични!
Nikogas nemam prilika tolku obilen dorucek da spremam.... Za toa me nema :)
Za prvata prilika, ovaj e receptot :)