2
јул
2013
Тортелини со сос од топено сирење
Ставете тенџере на оган со вода и сварете ги тортелините. Процедете ги сварените тортелини и оставете ги настрана.
Подготовка на сосот.
Во сад на оган ставете го путерот да се растопи и ставете ја саламата исецкана на коцки да се пропржи 3-4 мин. Потоа ставете го кашкавалот, топено сирење и павлаката и со постојано мешање гответе 6-7 мин да се згусти сосот. Наросете сол, бибер и малку оригано и прелијте ги тортелините.
Послужете ги топли со чаша јогурт или млеко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови