Испечати

Тортелини со сос од топено сирење

Тортелини со сос од топено сирење

Состојки

  • 500 гр тортелини
  • За сосот
  • 400 мл павлака за готвење
  • 20 гр путер
  • 100 гр шунка или свински врат или пршута
  • 150 гр кашкавал
  • 4-5 парчиња топено сирење
  • по потреба сол, бибер и оригано

Подготовка

Ставете тенџере на оган со вода и сварете ги тортелините. Процедете ги сварените тортелини и оставете ги настрана.

Подготовка на сосот.
Во сад на оган ставете го путерот да се растопи и ставете ја саламата исецкана на коцки да се пропржи 3-4 мин. Потоа ставете го кашкавалот, топено сирење и павлаката и со постојано мешање гответе 6-7 мин да се згусти сосот. Наросете сол, бибер и малку оригано и прелијте ги тортелините.
Послужете ги топли со чаша јогурт или млеко.