
Тортелини со сирења, во сос од спанаќ и капари
Прекрасно сочно, вкусно јадење, кое може да се послужи како топло предјадење или може да биде лесна вечера. Со чаша бело вино е одличнооо
1. Во една тава ставаме масло и ситно, сецкани млади кромидчиња. Запржуваме. Го додаваме искинатиот спанаќ. Нека се готви на тивко, да испари течноста.
2. За тоа време во тенџере ставаме вода и од кога ќе зоврие вариме 8 минути. Тавата со спанаќ ја исклучуваме од оган. Додаваме зачини и капари. Соединуваме.
3.Со решеткаста лажица ги ставаме сварените тортелини. Ја додаваме и киселата павлака. Убаво соединуваме. Ако има потреба ставаме малку од водата во која се вареа. Сервираме и послужуваме топли.
Лиценца: Сите права се задржани