1. Од состојките направете пандишпан и печете на температура од 180-200С додека да добиете златна боја.
2. Во еден сад на оган ставте го млекото во прав и 100-150мл да зовријат.
3. Во друг сад ставте ја слатката павлата, млекото и млекото во прав, но откако ќе се излади и промешајте.
4. Изладениот пандишпан исечете го на коцки или правоаголници.
5. Пандишпанот прелијте го со целата смеса од слатката павлаката, млекото и млекото во прав.
6. Во тенџере на оган растопете го шеќерот.
7. Додајте ја водата и оставете да врие додека се растопи шеќерот.
8. Потоа додајте го пудингот кој претходно сте го соединиле со малу вода од 500-те грама.
9. На крај смесата додека е врела истурета ја на пандишпанот и израмнете ја на целата површина подеднакво со помош на лажица.
10. Оставте ја смесата додека се излади и стегне па потоа сервирајте. Добар апетит.

Забелешка
Пандишпанот едноставно откако ќе се олади само исечете го на коцки или правоаголници и прелијте го со преливот. Немојте на пример да го превртувате во друг плех, па во претходниот да ставите половина од преливот и да го вратите пандишпанот, па другата половина од преливот да го дотурете на пандишпанот од горната површина. Едноставно само пресечете го и прелијте го на целата површина подеднакво и пандишпанот секаде ќе биде сочен.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани