Торта со јагоди кокосово брашно
Сезоната на јагоди започна а со тоа и брзите и лесни за јадење тортички со јагоди.За оваа тортичка нема да ви треба многу време за правење а уште помалку време за јадење.Започнуваме со подготовка на филот-жолчките ги биеме со миксер и ги додаваме во млекото во кое сме ги раствориле пудинзите со шеќерот и со постојано мешање го вариме филот.Кога филот ќе се згусти го додаваме и белото чоколадо и оставаме да се излади.Ладен филот го биеме со путерот.
За паниспањата најпрво ги биеме белките во цврст снег и постепено ги додаваме шеќерот и ванилата.Кога ке се избијат го исклучуваме миксерот и го додаваме брашното и пецивото но мешаме со дрвена лажица.Тестото го истураме во тркалезно тавче бр.30 обложено со хартија и печиме на 180 степени околу 20 мин./Паниспањата кога ќе ја извадиме од рерна веднаш ја натураме со птреходно зовриеното млеко заедно со шеќерот и ванилата(млекото треба да е млако,а не врело).Кога ќе се впие млекото ја филоваме тортата и потоа ја укарасуваме со биениот шлаг.Цела торта ја наросуваме со кокосово брашно и јагоди.Кога се вратив од работа син ми ги имаше сите јагоди изедено и затоа на дополнителната фотографија парчето е без нив.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови