Брза торта со лешници, ореви и кокосово млеко
Подготовка
Изматете ги белките во цврст снег, потоа постепено дадете го шеќерот и матете додека да се растопи шеќерот.
Потоа, додадете ги ванилата, брашното, пецивото и на крај оревите и лешниците. Изматете да добиете еднолична смеса.
Смесата ставете ја во нелеплива тава за печење или тава обложена со хартија за печење и печите на 180 степени околу 10-15 минути.
Пандишпанот поделете го на 3 дела.
Фил
Во сад на тивок оган ставете го кокосовото млеко, шеќерот и путерот . Кога ќе зовријат ставете го разматениот прашок за пудинг со малку млеко и додадете го во садот, постојано мешајки додека да згусти филот.
- Овде додадете ги мелените лешници и промешајте.
Филувајте ја тортата и измеѓу филот ставете парчиња свежа банана
Декорирајте со слатка павлака и ореви
Добар апетит
Забелешка
Пандишпанот може да го потопите со млеко
Лиценца: Сите права се задржани