Торта со јаболки (della nonna)
1. Скршете ги јајцата во еден сад и матете ги со миксер, заедно со шеќерот и малку сол, се додека не добиете хомогена пенлива смеса.
2. Додајте го брашното и прашокот за печиво, кои сте ги измешале и започнете да ја мешате смесата во садот внимавајќи да не создадете грутки.
3. Додајте го млекото и растопениот путер, малку по малку и продолжете да ја мешате смесата се додека не стане фина и креместа. Додајте го и брендито.
4. Изрендајте ја кората од лимон и додајте ја во смесата. На крајот додајте го циметот и измешајте ја смесата.
5. Со растопениот путер намастете ги дното и рабовите од една тава со дијаметар од 28 цм и високи рабови. Посипете го дното со неколку лажици брашно и истресете го вишокот. Ова се прави за да не се лепи тестото по тавчето.
6. Јаболката исечете ги на половина, остранете ги семките и дршките, излупете ги и исечете ги на тенки парчиња. Полијте ги со сокот од лимон за да не поцрнат.
7. Јаболката префрлете ги во смесата и мешајте внимателно за добро да се натопат во неа. Ако смесата е премногу компактна, додајте уште малку млеко.
8. Смесата префрлете ја во тавата и израмнете ја површината. Печете ја тортата во рерна на 180 степени 30 минути или додека не зарумени. Оставете ја да се олади, па префрлете ја во чинија за сервирање. Посипете ја со прав шеќер или доколку сакате,посипете со ванилен шеќер измешан со цимет.
Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови