Торта Дела Нона (Torta Della Nonna)
Денес ќе приложам еден преубав италијански специјалитет, една убава торта Торта Дела Нона.
Ви предлагам прво да го спремите кремот, за да може да се лади додека ние ги работиме другите постапки.
1. Во млекото додајте го шеќерот и оставете да се растопи. Нека не врие млекото, само нека се загрее.
Во него ставете кора од еден лимон. Претходно да напоменам, лимонот нека отстои во оцет или во сода, а потоа добро исплакнете. Во друг сад помешајте ги нишестето, брашното, ванилата, жолчката и трите јајца. Матете со маталка да не остане ниту едно грутче. Извадете ја кората од лимонот од млекото. Ставајте од смесата и мешајте додека не се згусти кремот. Готовиот крем префрлете го во стаклен сад, па покријте го со најлонска фолија да не фати кора. Залепете ја убаво фолијата за кремот. Не плашете се нема да се растопи, само ќе го остави кремот мек, без коричка. Ќе чекаме да излади добро.
1. За тоа време, ја месиме подлогата на тортата. И таа треба да отстои 30 минути во фрижидер.
Путерот не треба да е растопен,се меси директно како е така, тврд. Се додаваат јајцата, брашното, сокот од лимонот, шеќерот и солта па се меси едно убаво меко, лепливо тесто. Завиткајте го во фолија и право во фрижидер.
3. Е сега кога се е ладно, го вадиме прво тестото. Делиме 2/3 од него и на набрашнета маса и растегнуваме кора од него. Попрскувајте си брашненце ако лепи. Во калапот каде ќе ја печеме тортата, ставаме хартија за печење. Растегнатата кора ја ставаме како подлога и ја оформуваме со прстите спрема формата на калапот. Ја вадиме фолијата од кремот, па со шпатула, го префрламе кремот врз кората. Израмнуваме.
4. Со остатокот од тестото сукаме уште една кора, која ја користиме за покривање на кремот. На површината редиме семки од бор. Малку стиснете да влезат во кората. Печеме на 160 степени околу 50 минути, а потоа уште 10минути на 180 степени. Попрскуваме со шеќер во прав. Се служи истината, отстојана една ноќ,тогаш најубаво се сече.
На здравје со овој преубав, нежен, Италијански рецепт.
Забелешка
Оваа торта,ја водат и под името старинска пита или питата на баба,како стар нивен рецепт.
Во некои случаеви,семките од бор ги редат на подлогата, на првата кора.
Јас ја направив оваа другата варијанта.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови