Торта со јаболка и крем сирење
1. Јаболката ги лупиме и ги сечиме на пола надолжно.
2. Шеќерот, оревите, циметот и ванилата ги ставаме во еден сад и ги мешаме.
3. Караванче број 30 го обложуваме со хартија за печење. Од претходно направената смеса ставаме 5 лажици во караванчето по целата површина.
4. Јаболката ги редиме по целата површина потполнувајќи ги и празнините кои ќе ни останат.
5. Врз јаболката ја тураме останата смеса.
6. Ги печиме јаболката на 180 степени 15 -20 минути додека да омекнат.
7. Тесто- јајцата ги биеме со 5 лажици шеќер. Во нив го додаваме брашното и мешаме со дрвена лажица. Смесата ја ставаме врз испечените јаболка. Печиме 20-30 минути на 180 степени.
8. Крем- слатка павлака ја матиме со шеќерот во прав. Го додаваме крем сирењето и матиме додека смесата не се соедини.
9. Тортата ја превртуваме така што јаболката ќе ни бидат од горната страна. Тортата ја премачкуваме по целата површина со кремот кој го направивме .
Лиценца: Сите права се задржани