Торта со јаболка
1. Јаболката ги лупиме сечеме на половина и ги чистеме семките.Правоаголната тепсија (бр 40) ја прекриваме со околу 400 гр шеќер и врз него ги ставаме јаболката исправени едно до едно и ги ставаме да се печат во рерна на 200 С.
2.Додека се печат јаболката го припремаме пандиспанот.Јајцата и шеќерот ги матиме додека станат пенести потоа му ги додаваме маслото,млекото,ванилата и на крај брашното измешано со пецивото.Пандиспанот добро избиен го истураме врз јаболата и ставаме да се пече.Откако ке се испече тортата ја оставаме 10 мин малку да олади и потоа ја превртуваме на даска за филување(или др правоаголна тепсија) и оставаме целосно да се излади.
3. Двете кесички пудинг ги вариме со вода и ги истураме уште топли врз ладната торта.
4.Откако ке се излади пудингот тортата завршно ја украсуваме со шлаг.
(јас користев јаболка ајдарет кои имаат киселкаст вкус доколку користите др тип кој е поблаг тепсијата може да ја прекриете со помалку шеќер за да не е многу блага).
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови