26
мар
2012
Торта со смокви и кајсии
Белките ги матиме со шеќерот. Смоквите и кајсиите ги сецкаме, а лешницте ги толчиме и ги додаваме во белките. Се додава брашното и убаво се меша. Пандишпанот го тураме во плех обложен со хартија за печенје и го печиме. Го подготвуваме филот. Жолчките ги матиме со шеќерот во прав. Настрана го биеме маргаринот, а чоколадото го топиме на пареа. Жолчките гио мешаме со маргаринот и чоколадото и убаво мешаме. Пандишпанот го сечеме на три ленти и секоја лента ја филоваме со филот. Тортата ја премачкуваме одгоре со шлаг крем од чоколадо и декорираме по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови