26
фев
2021
Торта со мармалад од кајсии
Што да ви пишувам само ке кажам ПРЕВКУСНО .
1. Се матат јајцата заедно со шеќерот, со постепено додавање на преостанатите состојки од масло, брашно, пециво, какао и млеко. Се става во округло тавче бр.26 и се пече на 180С-30мин. Се остава да олади.
2. Во сад се става млекото со шеќерот и чоколадното какао да зоврие. Се прелива оладената торта. Веднаш ќе се впие и се премачкува со мармалад.
3. Сега се прави глазурата. На оган се ставаат заедно чоколадото и хоплата со постојано мешање ќе се соединат состојките .Се прелива врз мармаладот и се украсува.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани