Торта со лимон и семе од афион
Измешајте ги брашното, сода бикарбона, прашокот за пециво и солта. Во друг сад со миксер измешајте го путерот, шеќерот и екстрактот од ванила додека не станат кремасти. Јас миксам околу 2 мин.
Додавајте ги јајцата едно по едно и миксајте додека не добиете комплетно кремаста смеса.
Додајте пола од смесата со сувите состојки и матете со металка. Додатете го млекото и сокот од лимон и матете пополека. Додајте ја останата смеса од брашно. На крај додатете кора од лимон и семе од афион. Ставете да печи околу 30 мин.
За кремот
Крем сирењето и путерот измикасајте додека не станат кремасти. Додадете пола од шеќерот во прав и повторно мискајте со миксер. Додатете го сокот и кората од лимон и останатитиот шеќер во прав.
Јас ја користев тавата за чизкејк од Делимано, ја поделив тортата на три дела и секој дел ја мачкав со филот од крем сирење.
Ќе се запрашаме зошто баш семе од афион? Има прекрасен вкус, интересен изглед, а и плус е доста здрав, има високо количество растителни влакна, калциум, фосфор и магнезиум
Се надевам ке ви се допадне. Имав роденден па ја искористив како роденденска торта со пријателите.
Забелешка
Може во смесата со путер и шеќер да додадете околу 50мл масло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови