8
авг
2021
Мешана овошна салата (со прелив од мед, лимон и афион)
Комбинацијата и количината на овошјето се по мој вкус, вие секако може да направите корекција согласно вашите вкусови и да уживате во оваа неодолива салата.
Подготовка -
1. Овошјето (претходно добро оладено) убаво го миеме. Праската и крушата ги лупиме и ги сецкаме на мали парчиња. И сливите ги сецкаме на мали парчиња.
2. Преливот го припремаме со соединување на наведените состојки.
3. Врз сецканото овошје го ставаме преливот, мешаме со лажица и послужуваме веднаш (или може да се остави салатата неколку часа во фрижидер добро да се олади).
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови