
23
авг
2021
Мешана овошна салата (со цимет шеќер)
За овошна салата може да комбинирате овошје зависно од сезоната и вкусовите, но сепак и додатоците се многу битни за збогатување на вкусот. Овојпат се одлучив за комбинација на ванила и цимет шеќер и можам да кажам дека воопшто не погрешив.
Подготовка:
1. Овошките претходно треба да бидат добро оладени.
2. Бананата ја лупиме и сецкаме на мали кругчиња. Дињата, истотака, ја сецкаме на мали парчиња. Сливите и праската ги миеме (праската ја излупив) и ги сецкаме на мали парчиња.
3. Сите овошки ги ставаме во чинија, ги посипуваме со ванилата и цимет шеќерот. Промешуваме. Одозгора ги прелеваме со лимоновиот сок и медот. Послужуваме веднаш.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани