Торта со бомбици
Малку повеќе ќе ви одземи време оваа торта за спремање, но по мој вкус мислам дека вреди да се проба.
Најпрво направете ги бомбиците за да се здрват убаво додека ја правите тортата.
Јајцето убаво изматете го со миксер над пареа со постепено додавање на млекото заедно со шеќерот и чоколадото. Кога шеќерот ќе се растопи додадете го и маргаринот и убаво мешајте да добиете изедначена смеса. Тргнете ја сместа од оган и уште додека е врела ставете ги внатре бисквитите и оревите и убаво измешајте. Направете бомбици(од оваа количина излегуваат отприлика 50 бомбици) и оставете ги да се здрват.
Сега почнете со паниспањите. Значи како што напишав печиме две паниспањи со белки, а количините се дадени за една паниспања. Белките ги биеме во цвсрт снег и го додаваме шеќерот. Кога убаво ќе се избијат го исклучуваме миксерот и го додаваме брашното, пецивото и мелените ореви. Тестото го истураме во плех обложен со хартија и печиме на 190 степени околу 20 мин. Сите три теста треба да се печат во истиот плех(јас оваа торта ја печев во тавче срце, но можите во било каков по форма ).
За третата паниспања јајцата ги биеме пенесто со шеќерот и го додаваме брашното, пецивото и кокосовото брашно и смесата ја истураме во обложен со хартја плех и печиме на 190 степени околу 25 минути.
За подготовка на филот најпрво убаво се бијат жолчките со миксер над пареа и постепено се додават во млекото во кое сме ги ставиле ванилите и трите пудинзи. Цело време мешаме додека филот не се згусти и кога ќе ја добие потребната густина го тргаме од оган и оставаме да се излади.Кога ќе се излади го биеме со претходно биениот маргарин со шеќерот во прав.
Започнуваме со филовање. Најдолу ставаме кора со белки, филоваме, над филот редиме бомбици и над нив премачкуваме танок слој на фил. Над филот ја ставаме кората со кокосовото брашно, пак мачкаме фил, редиме бомбици, пак фил и на крај ја ставаме уште едната кора со белки и цела торта ја премачкуваме со остатокот од филот. Црното чоколадо го топиме со маслото и кога малку ќе се здрви ја премачкуваме цела торта. Околу тортата ги редиме чоколадираните топчиња, а средината на тортата ја премачкуваме со желатинот кој претходно сме го раствориле со малку вода и сме ја ставиле и бојата. Кога ќе набубри желатинот го нанесуваме на тортата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови