Торта печена во тавче
Кога се работи за нешто поразлично јас не можам да издржам, а да не пробам. Е ова е едно од тие нешта. Торта спремана во тавче на рингла.
Најпрво спремете ја основата за филот.
1. Заграјте ја слатката павлака до вриење, тргнете ја од рингла и додадете го чоколадото искршено на коцки. Мешајте додека се соедини. Од смесата тргнете во чинивче околу 150на мл, а останатата ставете ја во фрижидер.
2. Јајцата и шеќерот изматете ги до густ крем. Со најмала брзина на миксерот или рачно постепено додадете го по редослед состојките за кори. Смесата поделете ја на 4 еднакви дела во помали чинивчиња.
3. Тавчето во кое ќе ја печете тортата треба да е нелепливо и со капак. Никако не се залажувајте со поинакво. Нема да успее. Пробав со првото тесто и знам хаха. А пробав бидејќи другите нелепливи со капак ми беа големи. 24/26 број некаде гледајте да е. Ставете го на рингла да се загрее. Потоа ставете масло како за палачинки, па од смесата поделена во чинивчињата. Протресете да е рамномерно, покријте со капак и печете околу 5 минути на скоро средна температура (кај мене од можни 9 на 4).
Не бидете прецизни со времето. Отпилика е толку, а лесно се познава кога е печено по изглед одозгора (види дополнително фото). Внимавајте кога го отворате капакот и не дозволувајте кодензираната пареа да капе врз тестото.
4. Филот кој се здрвил во фрижидерот сега изматете го со миксер. Изматете го и шлагот на страна, па потоа додадете го во филот. Тоа е основниот фил кој може да оди и вака, а може и да му се додадат други состојки по желба. Кај мене во пола буено крем, а во пола лешниците.
5. Филувајте ја тортата, а одозгора потоа прелијте ја со оние 150на мл тргнати на страна на собна температура. Потоа украсете ја тортата по ваша желба. Кај мене ете вака во колорит. Нека е весело : )
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови