Торта Опера
Тррррммммм....-)) Да Ве почастам со мојот 300-ти рецепт на Мои рецепти, првата и најубавата страна за вкусни специјалитети креирана од голем број вредни домаќинки. Навистина ми е многу мило што сум дел од нив и 3 ипол годишното, секојдневно дружење на оваа страна ме потикна за пребарување на разни јадења како од домашната така и од светската кујна.
Тортата е презедов од Француската слатка кујна, богата со чоколаден - кафен вкус.
Подготовка на корите
Плех за печење (36х31) намачкајте го со малку путер и ставете хартија за печење. Рерната загрејте ја на 200 степени.
За подготовка на корите најпрво во еден сад измешајте ги бадемите, брашното и шеќерот во прав.
Путерот стопете го и оставете го да олади.
Белките разматете ги со прстофат сол и со постепено додавање на шеќерот продолжите да матите додека се добие цврст снег. Оставете ги на страна.
Во друг сад ставете ги јајцата и мешавината од бадеми, шеќерот во прав, брашното и матете ги да се изедначат. Доволни се само 4-5 минути, ништо повеќе. Сега додајте го и путерот и кратко изматете го да се спои во смесата.
Исклучете го миксерот и додајте ги белките на 2-3 пати и лесно мешајте со шпатула да се изедначат.
Пола од смесата истурете ја во плехот и печете ја 10-11 минути. Кората е тенка и брзо се пече, треба да остане светла.
Кога е печена извадете ја од плехот на страна а плехот измијте го со ладна вода побрзо да олади и повторно малку намачкајте го со путер и ставете хартија за печење.
Истурете ја и останатата смеса и испечете ја. Оставете ги да оладат.
Подготовка на сирупот од кафе
Водата, шеќерот и кафето ставете ги да зовријат нека варат 2 мин, потоа оставете ги да оладат.
Подготовка на филот од кафе
Жолчките малку разматете ги со пола од шеќерот(50гр). Останатиот шеќер со млекото ставете ги да зовријат во тенџерче што не лепи. Откако ќе зовријат, тргнете го на страна додајте ги жолчките и измешајте. Вратете ги на тивок оган и варете ги на пареа 10 мин со постојано мешање и внимавајте никако не смеат да провријат.
Префрлете ги во сад за матење и почнете да ги матите додека оладат. Со прстот малку маките и ако се ладни тогаш се готови.
Откако се оладиле додајте го кафето и постепено додавајте го путерот и матите додека кремот се изедначи. Оставете го да се лади во фрижидер.
Подготовка на ганашот
Чоколадата и путерот ставете ги на пареа да се топат, а слатката павлака загрејте ја и додајте ја во чоколадата и путерот. Убаво измешајте ги да се изедначат.
Оставете го да олади на собна температура, но при тоа внимавајте да не биде премногу цврст бидејќи при филовање нема да се залепи кората и ќе се дели при сечење на парчињата.
Откако корите се оладени, од секоја кора исечите 1/3 од кората. Така од тие 2 дела ќе ја добиеме и средната кора од тортата.
Сега подгответе ја и глазурата за долната кора од тортата
Чоколадата со маслото стопете ја на пареа и премачкајте една кора. Ставете ја во фрижидер побрзо да олади и стегне.
Филовање на тортата
На подлога за торта прво ставете ја кората со чоколадата така што чоколадата да биде надолу. Со помош на четче убаво натопете ја со сирупот од кафе и намачкајте ја со пола од филот од кафе. Ставете ја втората кора (двете исечени 1/3 од корите) натопете ја со сируп од кафе и намачкајте го целиот чоколаден фил-ганашот. Ставете ја третата кора малку притиснете да се залепи, натопете ја со сирупот од кафе и намачкајте ја со останатиот фил од кафе.
Оставете ја во фрижидер филот да се стегне пред да е покриете со глазурата.
Подготовка на глазурата
На пареа заедно стопете ги чоколадата, павлаката и путерот и прелијте ја на над филот. Оставете ја глазурата да се стегне и потоа со неколку коцки стопена чоколада напишете Опера и виолински клуч.
Тортата оставете ја да отстои во фрижидер, најдобро 1 ден да се стегни и спојат вкусовите. Пред сечење страничните делови исечете ги за поубав изглед на парчината. Иначе не е многу висока и најдобро е да се служи во правоаголни парчиња.
Лиценца: Сите права се задржани
Честитки за оваа преубава ама и мотивирачка бројка, се надевам многу ќе го следат твојот успех и знам и дека многу ги следат твоите рецепти кои се ептен домаќински и уште многу имам да пишувам, ама ќе оставам нешто и другите членки да кажат. Поздрав и дружбата продолжува:) Само напред, нека се множат рецепти:)
Ti cestitam od srce, Nevence!
Uste mnogu, mnogu ubavi recepti da ni podaris! :-)
Pozdrav :*
I najjjjjtocnoooo sekoj za sebe si e majstor:)))
Vprocem i site drugi recepti, so tolku cistota na izraz, stakleni i sodrzajni sliki, kvalitetna sodrzina ...
Cestitki za jubilejot, mnogu zdravje i uspeh za ponatamosni tvorbi na ova i na sekoe zivotno pole :)
оваа твоја торта навистина е пример за твојата прецизност, трпение и голема љубов со која ги подготвуваш јадењата.
Ова не го кажуваме само од презентираните рецепти овде, туку и затоа што сме имале прилика во живо да видиме како ги правиш твоите рецепти, а и затоа што твоите рецепти кои сме ги направиле имале прецизни упатства и мерки.
Ти благодариме за сите твои прекрасни рецепти и ти подаруваме Нутрибулет во црвена боја. Честитки!
Тимот на МоиРецепти
П.С. На следната средба се надеваме дека ќе ни донесеш ваква торта за проба, затоа што тешко дека и кај нас ќе се најде јунак да ја подготви :)
Inace tortata ne e teska za pravenje samo odzema povece vreme a ako sakate gotova bez problem ke donesam i dve ako treba:))) samo neznam dal ke mi ispadne prilika da dojdam barem na edna vasa sredba.....da se nadevame:)))
Pozdrav i se najubavo Vi posakuvam :*
Ако ништо друго, барем во кујна ќе те пречекаме.
Воедно, овој рецепт е Рецепт на денот за 12.11.2015 и учествува во изборот за Рецепти на месецот Ноември. Честитки!