Ова е една моја нова креација за подготовка на оваа многу позната торта.
Идејата беше многу добро прифатена од моите најголеми критичари, моите две ќерки. Се надевам дека ќе ви се допадне и ќе се најде на вашите трпези.

Се матат 6 белки и постепено се додават 120 гр шеќер. Кога ќе се доволно изматени со лажица се додават 5 лажици брашно, пола лажица оцет и 100 гр сецкани ореви. Се прават вакви 4 кори но со следниве измени.
Ова е основата за секое тесто, но измената се состои што се подготвува само едно тесто. Вака во останатите три се намалува брашно, а се става какао.

Во второто тесто се ставаат 3 лажици брашно, 2 лажици какао и 100гр.сецкани ореви.
Во третото се ставаат 2 брашно и 3 лажички какао и наместо сецкани ставате мелени ореви.
Во четвртото тесто ставате 1 лажица брашно 4 лажици какао и исто во оваа кора ставате мелени ореви.

Подготовка на првиот крем:
Се матат 24 жолчки со 200 гр прав шеќер. Потоа се става во микровална, по една минута ги вадите промешувате и ја проверувате густината, повторно ставате на една минута и повторно ја проверувате густината се додека не ја добиете бараната кремост на жолчките. Во мојот случај беа доволни два пати по 60 секунди и еднаш по 30 секунди. Се трга на страна да се олади и кога е оладено се соединува со 1 путер претходно изматен со 50 грама прав шеќер.

Подготовка на крем 2:
Од млекото се остава 1 чаша остатокот се става на оган да зоврие со 10 лажици шеќер. Во остатокот се раствара пудингот и се сипува во врелото млеко, се прави густа крема. Кога ќе е готова се трга на страна и се додават искршените чоколади и се меша додека да се стопат. Потоа смесата се остава да олади и во оладена се додава 1 путер претходно изматен со 200 гр прав шеќер.

За крем 3:
Се мати слатката павлака

Филување
На почеток ја ставаме најтемната кора врз неа премачкуваме со кремот од жочки, потоа премачкуваме со чоколадниот крем и на крај со слатката павлака.
Ја ставаме за една нијанса посветлата кора на оваа кора постапката е иста, но тука не ставаме од жолтот крем. На третата кора ставаме повторно жолт крем, чоколаден крем и слатка павлака. Завршуваме со најсветлата кора на која и нанесуваме само слатка павлака и декорираме по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани