Омбре мини палачинки со блитва
Најпрво се прави смесата за палачинки на вообичаен начин.
Се пржат 3-4 мали палачинки во Делимано тава за палачинки.
Потоа во смесата постепено се додава од измиксаната блитва.
Прво се додава по 1 лажиче од блитвата, се пржи по 2-3 мали палачинки, па се додава од блитвата, се пржат пак 2-3 мали палачинки и така се до крај.
Значи да добиеме од посветли кон потемна боја палачинки.
Секое мало палачинче се премачкува со павлака, се става по 1 грисина со вкус на кикиритки,
Може и парче шунка( ама како сум уплашена, не ни помислив да купам) и се витка ролатче.
Се редат на тајнир се украсуваат со павлака, магдонос, шери домати и се послужуваат.
Лиценца: Сите права се задржани