Посни слатки топченца
За раѓањето на овој рецепт придонесоа две работи и тоа средбата што ја организираа „Мои Рецепти„ и предизвикот да се подготви вкусен десерт за време на пост.
Така накратко произлезе овој десерт, кој беше изработен и наполнет со многу љубов, а на истиот начин и беше споделен.
Подготовка на темен марципан
Марципанот го ставаме во сад каде што истовремено ги додаваме мелените ореви, шеќерот во прав, кафеавиот шеќер и румот.
Ја месиме целата смеса се дури убаво да се растопат шеќерите и таа да стане мазна.
За време на месењето ќе забележите дека од самиот притисок од оревите почнуваа да се цеди маслото кое тие природно го содржат.
На крај оформете го тестот во вид на компактна топка.
Јас ова го искористив за еден бесплатен третман со ладно цедено ореово масло, за кожата од рацете. Не за џабе се вели дека храната е лек, нели?
Подготовка на светол марципан
Марципанот го ставаме во сад каде што истовремено ги додаваме шеќерот во прав, ликерот и минималната количина на кокос и ја замесуваме смесата.
Тука е многу важно да се внимава на правата количина на кокос. Имено,треба да се продолжи со негово додавање се до оној степен кога самите ќе процените дека сте добиле смеса која е компактна, но не и ронлива. Ако ставите премногу кокос, смесата ќе почне да се рони и раздвојува и нема да можете да успеете да ја моделирате.
Вака подготвените смеси нема потреба да ги ставате во фрижидер за да се стегнат, се со цел да може полесно да ги обликувате.
Најпрво од темната смеса направете топченца со големина колку ноктот од палецот (без надградба на нокти,се разбира) и редете ги на површина на која ќе ставите кујнска хартија или салфети, за да се впие вишокот масло. Ќе приметите дека со самото тркалање помеѓу дланките смесата ќе пушти уште повеќе масло.
Од оваа смеса треба да излезат околу 50 топченца.
Потоа следи нивно виткање во светлата смеса. Земете мала количина, која ќе ја сплескате помеѓу дланките, во средина ставете од темните топченца,затворете,ако има вишок отстранете го и почнете да валкате исто како кога правиме бомбици.
Светлата смеса треба убаво да налегне врз темната во вид на еден убав воедначен слој. Секој непотребен вишок, ќе забележите дека предизвикува отварање, па веднаш постепено отстранувајте го.
Крајниот резултат треба да биде убаво стегнати и компактни топчиња.
Пожелно е после 10 направени топчиња да ги измиете рацете од шеќерот кој ќе Ви се налепи на дланките, бидејќи и тогаш белата смесата ќе се отвора на поедини места.
Ако забележите дека тоа се случува и на помалку направени топчиња, плакнете ги рацете почесто.
На крај подготвените топченца ставете ги во фрижидер да се стегнат, а и со нивното оладување ќе потпомогнат во побрзо стегање на чоколадниот омот.
Чоколадото најдобро е да се растопи заедно со пиментот во помал, а подлабок сад на пареа. Ако користите плиток сад нема да успеете целосно да ги потопите во нив топченцата.
Јас обично не ја топам целата количина на чоколадо, бидејќи најдобар резултат се добива кога таа е топла и потечна.
Секое топче посебно набоцкајте го со чепкалка, потопете го во течното чоколадо, со отсечни потези истресете го вишокот и ставете го исправено на стиропор или цвеќарски сунѓер. Површината каде што ќе ги редите мора да биде стабилна за да не паѓаат на страна.
Овој десерт може да се јаде и во денови кога е строг пост.
Уживајте во прекрасните вкусови!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
а оваа со Лилихип има смисла... одврт-заврт пак по наше :)))
Поздрав до сите Вас
Сепак, веројатно е јасно дека рецептот ги исполнува сите критериуми, а посебно иновативност. :)
Ама еве ветувам дека во иднина ќе има слика и од пресек.Се разбира кога ќе ги правам пак.
Ах, да... за пресекот, па јас видов и пробав пресек, а и во дополнителни можи да се претпостави каков би бил... а кој си сака подетално нека си ги направи :)
Излезе најинтересен за децата.Може ќе се јави и Емма Роој и таа мислам дека понесе за ќеркичката.
Лили јас од тој марципан користев ти што го наведе.И тоа неколку пати барав не најдов,па после кога го начекав земав 2 пакетчиња да ми се најдат.