Тиро Пита
1. Јајцата со малку сол (внимавајте сирњата се солени) изматете ги пенесто додадете ја павлаката и изматете да се соедини. Додадете ја фетата изгмечена со вилушка. Изрендајте го кравјото сирење и кашкавалот и убаво измешајте. Додадете го зејтинот промешајте и на крај ставете го брашното во кое е измешано пецивото. Убаво соединете ја целата смеса.
2. Сипете ја смесата во намастена тепсија бр 30 и ставете да се пече во загреана релна на 180 степени околу 45 -50 мин.
3. Ако сте љубители на сирења питава е закон. Е сега моиве дома си се љубители и на месесто (лудо тука ќе се пронајде), па затоа јас морав да додадам и сецкана шунка. Не менува многу во вкусот, ама мора да ја има. Така ми е наредено хахаха
Уживајте. Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Да се корегирам она лудоно да не ми ги најде пак грешките
мислев: маја доручек,вечера па и како ручек може да помине ,преубава е
))))))))) поправено
а следниот пат, коцкички сланинка, предходно пропржени....и јас кај тебе на тераса :) :) :) :)
nou problem maj diar frend so slaninceto te cekame :))