Тиро Пита
Состојки
- 5 јајца
- 200 гр брашно
- 200 гр фета сирење
- 200 гр кравјо сирење
- 200 гр кашкавал
- 1 чаша (250 мл) павлака
- 100 мл зејтин
- 1 пециво
Подготовка
1. Јајцата со малку сол (внимавајте сирњата се солени) изматете ги пенесто додадете ја павлаката и изматете да се соедини. Додадете ја фетата изгмечена со вилушка. Изрендајте го кравјото сирење и кашкавалот и убаво измешајте. Додадете го зејтинот промешајте и на крај ставете го брашното во кое е измешано пецивото. Убаво соединете ја целата смеса.
2. Сипете ја смесата во намастена тепсија бр 30 и ставете да се пече во загреана релна на 180 степени околу 45 -50 мин.
3. Ако сте љубители на сирења питава е закон. Е сега моиве дома си се љубители и на месесто (лудо тука ќе се пронајде), па затоа јас морав да додадам и сецкана шунка. Не менува многу во вкусот, ама мора да ја има. Така ми е наредено хахаха
Уживајте. Добар апетит