
21
јун
2014
Тиквички во сусам
Овој рецепт го препишав од книгата на Стево Карапанџа и нормално кај него нема промашување!
Тиквичките ги сечиме со дебелина од 1 см. Брашното се меша со сусамот, се посолува и се става малку бибер.Тиквичките прво се валкаат во павлаката, а после во брашното. Се пржат на згреано масло додека не добијат златна боја.
Инаку според неговиот рецепт тиквичките се сечат по должина, и така се полични, ама јас овој пат ги направив во кругови.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови