Одлично тесто... па било да е за Хот-Дог или сендвич... само различно оформено
Постапка
- Во малку млако млеко растворете го квасецот со малку брашно и шеќер (одземени од вкупната количина) оставете да се запени.
- Во брашното измешајте го остатокот од шеќерот и солта, додадете го стасаниот квасец, замесете тесто додавајки го млекото и мергаринотм малку повеке време месете го, тестото ке биде лепливо. Покријте го и оставете нека стасува околу 40-50 мин.
- Откако ќе стаса извадете го на лесно покриена со брашно работна површина, размесете го и поделете на толку делови колку што сметате да бидат големи лепќињата. Кај мене 10 на број. Расукајте го секој дел на правоаголна коричка, замотајте како ролат. Ставете во тавка на мала оддалеченост, нека стасуваат, премачкајте со разматена жолчка во која сте додале малку оцет... посипете со сусам или по ваш избор, печете во претходно загреана рерна на 160 степени.
НАПОМЕНА
Превкусно е тестото. Тоа е лепливо бидејки е и меко, и да не ве загрижува тоа.. кој има можност во миксер слободно нека го сработи. Јас сега го месев на рака. Ако немате при рака маргарин, тогаш путер, растопете го и оставете потполно да олади додека почнете да месите.
Слободно правете и кружни лепчиња -
- Велам малку подалеку да ги ставите затоа што навидум излгедаат доста мали, но всушност тие кога нараснат плус дополнително во рерната кога се стават - тама си дојде - јас ги ставив во малата плитка ростер тавата на број 10 лепчиња и си дојде полна тава.
Пак ке повторам - тестото е за воодушевување..
- Оцетот во жолчката покрај тоа што ги прави сјајни, битно што кората ја прави многу текнка и мека...
Уживајте.. лепчињата оти малку беа додека се свртев отидоа - јас само ги спремам и ставам во тањирот, додека спремам други два - предходните ги снемало и така....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани