Тесто за пица со пиво
Прекрасно тесто, совршено за полнета пица.
1. Квасецот растворете го во водата заедно со шеќерот и малку брашно. Нека се активира.
2. Во него додајте ги останатите состојки и измесете меко, мазно тесто. нека се одмори половина час.
3. Количината е голема, а вие слободно можете да искористите колку ви треба, а останатиот дел да го чувате во фрижидер, дури и да го замрзнете. Јас го делам на 10 дела, вкупната тежина му е 2кг и 300 гр отприлика, па го поделив на 10 дела по 230 гр.
4. Секој дел исучете го, пошироко од голем плиток тањир, на половината премачкајте го со доматен сос или кечап, ставете оригано, па кашкавал и сувомеснато по желба.
5. Преклопете го со другата половина, по краевите малку притиснете го со прстите и стегнете го со виљушка. Одозгора премачкајте ги со јајце и сусам.
6. Печете во загреана рерна на 200 степени, се додека убаво не зарумени, а откако ќе ги извадите со четла премачкајте ги со малку масло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови