28
апр
2020
Тесто за палачинки со бел маџун
Го обожавам ова тесто за палачинки. Постојат и други супер рецепти за палачинки, но мене овој ми е во срцето.
Во длабок сад, ставете ги јајцето, брашното, млекото и маџунот. Матете со миксер за да добиете еднолична смеса.
Палачинките печете ги во соодветно тавче. Филувајте ги со маџун, џем, мед и ореви или нешто друго по ваша желба.
На здравје
Забелешка
Од оваа смеса излегуваат 9 средни по големина палачинки.
Лиценца: Сите права се задржани
јас не гуглав, ама си играм логичар и си велам тој веројатно од бело грозје ќе да е :)