Тесто за палачинки со бел маџун
Состојки
- 1 јајце
- 1 чаша брашно
- 1 чаша млеко
- 5 супени лажици бел маџун
Подготовка
Го обожавам ова тесто за палачинки. Постојат и други супер рецепти за палачинки, но мене овој ми е во срцето.
Во длабок сад, ставете ги јајцето, брашното, млекото и маџунот. Матете со миксер за да добиете еднолична смеса.
Палачинките печете ги во соодветно тавче. Филувајте ги со маџун, џем, мед и ореви или нешто друго по ваша желба.
На здравје
Забелешка
Од оваа смеса излегуваат 9 средни по големина палачинки.