Тестенини со сос од тиквички
Прав летен освежителен ручек
Имате тиквички, ви останала сварена кокошкина супа од кесичка, еве една идеја како да искомбинирате и истовремено да имате прекрасен освежителен летен ручек.
- Тестенината која сте ја одбрале, во случајот јас шпагети, сварете ги Ал Денте, спрема упатството на самото паковање.
Сосот од тиквички
- На маслинов зејтин пропржете го ситно исецканиот кромид и чешнето лук, па додадете ги тиквичките исечени на помали коцки.
- Намалете ја температурата на шпоретот, нека се подинстат малку тиквичките заедно со кромидот и лукот до нивно омекнување. Додете ја кокошкината супа и зачинките - сол не мора да ставате бидејки супата спремана од кесичка е доволно солена или пак само досолете доколку сметате дека не ви е солено. Нека сето тоа се крчка, но не дозовлувајте целосно да испари супата. Додадете павлаката - имзмешајте.
Додадете го сосот во касеролата во која се веќе сварените и исцедени тестенини, измешајте и служете.
Бон Апетит!
Забелешка
- Доколку немате остаток од супа или сварете си или солидно заменете ја, во 200 мл. ставете коцка за супа или пак овкусете ја водата само со сув зеленчук. Повторно добро.
- Да не се смеете - многупати сум користела наместо тиквичка, краставица.. повторно добро.
- Мајоранот е одлична комбинација со кисело млеко, павлака... затоа го користам во вакви рецепти максимално.
Лиценца: Сите права се задржани