На загреано масло се растопуваат 150 гр. сечкано овчо сирење. Кога ќе се растопи се додаваат 400 грама, на коцки сечкан пилешки стек (може и саламурен).

По 5-6 минути пржење, се додаваат 400 грама сечкани свежи печурки-шампињони, малку босилек и сечкан свеж магдонос. Откако ќе испари водата од печурките, во ова се вмешува 200 мл кисела павлака. Овој сос, вака топол, се додава на варени шпагети-таљатели-макарони.

Совет
1. Никако да не се соли
2. Поубави се изладени

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови