Пилешко со тестенини
Лесно и вкусно
Пилешкиот стек
- На стекот напрвете отвор како џеб, наполнете со филот кој ќе го добиете така што во изгмеченото козјо сирење ќе додадете ситно сецкани зелените перца на кромидот, една лажица магданос, ориганото. Посолете го стекот, посипете со бибер, залијте со виното и оставете околу 1 час да се маринира.
- Извадете го стекот од маринадата, ствете на кратко во Делимано тавата да се пропече од двете страни. Потоа префрлете во друг сад и ставете во рерна да се пече околу 15 мин.
За тестенината
- Сварете ја тестенината
- Белиот дел од младиот кромид ставете да се пржи на маслиновото додека малку пожолти, додадете ја исецената тиквичка на кругови или стапчиња, кратко нека се пропржи, додадете на половина исечениот патлиџан, лукчето, остатокот од магданосот, додадете го пилешкиот буљон и подлијте со вода, нека крчка додека да омекне зеленчукот. Додадете сега овде сварените тестенини, измешајте и тргнете.
- Испечениот стек нека малку олади, исечете на шнити - сервирајте со тестенината.
Добар апетит!
Забелешка
Бидејки спремав само со две парчиња стек, јас потоа ги ставив во фолија и ги испеков, немам толку мало тавче, па така се снаогам секојпат.
Лиценца: Сите права се задржани