25
мар
2020
Тестенини карбонара
Брз, едноставен и вкусен ручек.
Во солена вода која врие, ги додаваме тестенините. За тоа време ја запржуваме сланината исечена на ситни коцки со лукчето ситно сечено. Кога тестенините се варени, ги тргаме на страна и со лажица-решетка ги додаваме во тавата со сланина и лук. Додаваме и 4-5 лажици од течноста во која се вареа тестенините. На страна матиме 2 јајца со ренданиот пармезан. Ги додаваме кон тестенините и мешаме на оган неколку минути. Додаваме и сол и црн пипер по вкус.
Тестенините се служат топли и препорачливо е за полнолетните и чаша бело вино со ручекот. На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови