Испечати

Тестенини карбонара

Тестенини карбонара

Состојки

  • Состојки
  • 500 гр тестенини(макарони,шпагети или тагатели)
  • 200 гр сланина
  • 3 чешниња лук
  • 2 јајца
  • 100 гр пармезан
  • Потребно е уште сол,црн пипер и зејтин

Подготовка

Брз, едноставен и вкусен ручек.
Во солена вода која врие, ги додаваме тестенините. За тоа време ја запржуваме сланината исечена на ситни коцки со лукчето ситно сечено. Кога тестенините се варени, ги тргаме на страна и со лажица-решетка ги додаваме во тавата со сланина и лук. Додаваме и 4-5 лажици од течноста во која се вареа тестенините. На страна матиме 2 јајца со ренданиот пармезан. Ги додаваме кон тестенините и мешаме на оган неколку минути. Додаваме и сол и црн пипер по вкус.
Тестенините се служат топли и препорачливо е за полнолетните и чаша бело вино со ручекот. На здравје.