22
ное
2012
Тегната баница со праз и рикота
Во длабок сад од состојките за тесто замесете средно меко тесто.
Поделете го тестото на 6 топчиња и од секое тесто развлечете со сукало мала кора.
Секоја кора премачкајте ја со масло и оставете да отстојат 30 минути.
Од секоја кора со раце развлечете голема кора, попрскајте ја со масло и додајте од филот (пропржен праз, рикота и сува пиперка).
Свиткајте ги корите во ролат, а потоа кружно редете ја секоја кора.
Целата баница попрскајте ја со масло и печете ја на 200 степени додека убаво порумени.
Лиценца: Сите права се задржани