Теа торта
Кога се зачленив на Моирецепти, тоа беше некаде пред околу 2 години, разгледувајки ги рецептите. Гледав готвачи кои имаа по 100, 200,300 објавени рецепти, си помислував кога ли јас ќе стигнам до некоја таква јубилејна бројка и ЕВЕ ме!
Ова е мојот 100ти рецепт.
Зависна сум од страната и од прекрасните рецепти, се надевам дружбата ќе продолжи и понатаму и дека ќе бидеме се подобри и подобри. Како 100ти рецепт ја избрав оваа прекрасна торта, со богат чоколаден вкус, која се топи во уста.
Се матат белките со шеќерот додека не се добие цврст снег. Се додава 1 лажица алкохолен оцет. Потоа се додава маслото, брашното, пецивото па сецканото чоколадо. Смесата се става на намрсен плех и се печи во загрееана рерна на 180 степени 20 тина минути.
Во меѓувреме се подготвува филот. Жолчките се матат со брашното, 200мл млеко, 1-2 лажици шеќер, а преостанатото млеко се става на оган. Откако ќе зоврие се додаваат жолчките и се вари густ крем. Се трга настрана и се додаваат 200гр чоколадо,еурокремот и несквикот. Се остава кремот да се излади. Маргаринот се мати со шеќерот во прав пенасто и се додава кремот. Се се мати заедно додека убаво не се соединат. Испеченото тесто се сечи на 3 ленти и се филова со филот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Искрено се надевам на поголема виртуелна комуникација од твоја страна во наредните стотки, за да кажам дека дружбата продолжува:)
Убава торта поздрав дружењето продолжува:)
cestitki za jubilejot,da se mnozat uste mnogu ,jas samo da kazam deka tortata e preubava i imam i dokaz na slikickata pogore za da se uveris deka uzivav vo nejziniot vkus :) pozdrav
кога ја создававме оваа страница, верувај, и ние не можевме да очекуваме, ниту да претпоставиме колку голем потенцијал за креација е скриен во сите нас (и вас) - кои сме овде вклучени.
Откако видовме дека со малку поттик од нашата страна, кај многу од членките расцвета таа љубов, креативност и желба за надградување, и нашата енергија за работа се зголемуваше.
Нас не не` изненадува овој твој успех, верувавме во тебе!
Како благодарност за твоите 100 рецепти ти подаруваме Делимано Апарат за гиро, печење месо и раженчиња. Честитки!
Очекуваме уште поуспешни твои рецепти и нивна презентација.
Тимот на МоиРецепти.
и јас еднаш имав 100 рецепти и од прилика толку стојат. толку многу гости имаме што ќе почнам слики од гостите да ставам место рецепти :D :D :D :D
не сум стигнала да си зготвам со намена :)
имаш супер рецепти, имаше уште од кога се појави :)
сега гледам и фотографииве си ги направила списание и ептен си мастер шеф сега :)
браво и продолжи си, да уживаме повеќе :)