Компирот сварете го и откако добро ќе се олади изрендајте го.
Кромидот исечете го на полукругови и пржете го додека да се карамелизира.
Ренданиот компир ставете го во тава за тарт. По потреба премачкајте ја тавата со малку масло. Зачинете со сол, бибер и мешан сув зачин. Компирот убаво притиснете го во тавата и потоа врз него нанесете го карамелизираниот кромид. Ставете да се пече 20-тина мин на 180-200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови