Прекрасна, здрава и вкусна тава која е убаво барем 2 пати месечно да биди застапена на трпезата. Комбинирајте спанаќ со блитва, со зелје, штавељ или со коприви. Во оваа тава е направена комбинација од спанаќ и зелје, набрани од градината во Буково, а и јајцата се селски.

Подготовка

Запржете го кромидот во тавата со малку маслиново масло, додадете го исчистениот спанаќ со зелје и запржете ги додека не омекнат. Најдобро е да се покрие тавата со капак или фолија додека не омекнат.
Додадете го морковот и оризот, продолжете да пржете додека оризо не стане малку проѕирен.
Додадете врела вода за да го покриете спанаќот, додадете зачини и сол, измешајте и ставете ја тавата во рерната.
Печете околу 30 минути на 200Ц.
Пред крајот, додадете ги јајцата на врвот и вратете ја тавата во рерната за да печете уште 5 минути.
Се сервира топло со кисела павлака или со кисело млеко.

На здравје!