Тава со спанаќ, зелје, ориз и јајца
Состојки
- 500 г мешавина спанаќ и зелје -исчистени и исецкани
- 6 млади кромиди само перцата исецкани
- 150 г ориз Сончева Долина
- 1 исецкан морков
- 1/2 лажица мешан зачин
- по потреба маслиново масло
- 1/2 лажица црвена пипер
- 3-4 јајца
Подготовка
Прекрасна, здрава и вкусна тава која е убаво барем 2 пати месечно да биди застапена на трпезата. Комбинирајте спанаќ со блитва, со зелје, штавељ или со коприви. Во оваа тава е направена комбинација од спанаќ и зелје, набрани од градината во Буково, а и јајцата се селски.
Подготовка
Запржете го кромидот во тавата со малку маслиново масло, додадете го исчистениот спанаќ со зелје и запржете ги додека не омекнат. Најдобро е да се покрие тавата со капак или фолија додека не омекнат.
Додадете го морковот и оризот, продолжете да пржете додека оризо не стане малку проѕирен.
Додадете врела вода за да го покриете спанаќот, додадете зачини и сол, измешајте и ставете ја тавата во рерната.
Печете околу 30 минути на 200Ц.
Пред крајот, додадете ги јајцата на врвот и вратете ја тавата во рерната за да печете уште 5 минути.
Се сервира топло со кисела павлака или со кисело млеко.
На здравје!