Ајде малку да одиме во Арапската кујна.
Ситно исецкајте ги патлиџаните на коцкички.
бунгурот потопете го во жешка вода и оставете да отстои околу 15 минути а набабри.
исцедете го и премијте го со ладна вода.
добро исцедениот бунгур, помешајте го со патлиџаните. ситно исецкајте го магдоносот, но оставете по некое цело ливче во салатата.
исто така и листовите нане се сецкаат на ситни парчиња.
Се промешува.
Се додава кромидот кој се сече на долги лентички. Јас немав млад кромид па употребив стар.
Сокот од лимон се попрскува на салатата и се зачинува со цимет, црн бибер и сол.
На крај се додава маслиновото масло и благо се промешува.
Се јаде свежо и веднаш.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови